Чарлс Трети прогласен и за крал на Шкотска, Велс и Северна Ирска

Од:

Новиот британски крал Чарлс Трети официјално беше прогласен за суверен во Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Сличен проглас беше објавен вчера во Лондон на раскошна церемонија согласно долгогодишната традиција.

Во Белфаст на читањето на прогласот му претходеа ѕвонење на камбаните и свирење со рог. Читањето на прогласот беше проследено со поздрав со 21 истрел и воен оркестар кој ја свиреше химната „Боже чувај го кралот“.

Во Велс, третиот баталјон на кралскиот велшки полк беше придружуван на церемонијата на крунисување од коза, која е „талисман“ на баталјонот.

Би можело да ве интересира

Крунисувањето на кралот Чарлс чинеше 86 милиони еврa

Британскиот крал Чарлс ја пофали решителноста и силата на Украинците

Голема промена во Бакингемската палата

Кралот Чарлс ја напушти болницата откако беше опериран

Горан Наумовски

Британскиот крал е во болница

(ВИДЕО) Кралот и кралицата излегоа двапати на балконот, Хари го напушти Лондон

Горан Наумовски