Откако во текот на целиот меч беше крајно неизвесно, Полска во финишот беше постабилна и стигна до 94:86 победа над Украина, за пласман во четврт-финалето на Евробаскетот. Следни противници на Полјаците ќе бидат актуелните шампиони и едни од фаворитите за златото, репрезентацијата на Словенија.
Лидер на полската репрезентација беше Матеуш Понитка, кој во 32 минути на паркетот имаше 22 поени, 9 скока, 6 асистенции и 3 украдени топки.
Украинците успеаја да израмнат на 76:76 на седум минути пред крајот, пред Понитка со две тројки во низа да ги донесе Полјаците во предност од 87:78.
Извор: Топспорт