Чимаев за две минути го „суреди“ Холанд па порача: Ќе ги убијам сите!

Од:

Хамзат Чимаев, откако беше речиси 4 килограми претежок за да влезе во кафезот со Нејт Дијаз, доминираше против Кевин Холанд, стигнувајќи до победа по само две минути, додека Дијаз доминираше против уште еден ветеран Тони Фергусон во двата главни мечеви на УФЦ 279 во Лас Вегас.

Со ова се стави крај на фасцинантниот викенд во Лас Вегас, во кој Швеѓанецот со чеченско потекло, Чимаев беше анти-херојот, откако не успеа да ги симне потребните килограми за меч со Дијаз, а предизвика и неколку тепачки надвор од кафезот. Кога, конечно влезе во кафезот, тој покажа зошто го сметаат за нова УФЦ ѕвезда, по што врескаше во микрофонот кон публиката која го свиркаше.

„Кажете нешто сега! Кажете! Јас сум најопасниот човек во кафезот, доаѓам по сите. Ќе ги убијам сите“, изјави Чимаев.

37-годишниот Дијаз, пак, во тоа што го нарече својот последен меч во УФЦ федерацијата, го победи Фергусон по четири рунди, по што најави дека ќе се префрли во боксот. Фергусон, пак, сега има пет порази во низа.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нокаут со колена: Борба на српски и косовски кик боксер

Предраг Петровиќ

Македонските кикбоксери освоија 65 медали на „Балканс бест фајтерс 6“

Ана Ололовска

Македонскиот кик боксер Бобан Илиоски со нокаут во првата рунда стигна до голема победа во Белград

Катерина Ѓуровски

Златните момчиња од Кик-боксинг клубот „Ас“ на прием кај градоначалникот Трајковски

Ана Ололовска

Делчевските кик-боксери со пет медали ја започнаа новата натпреварувачката сезона

Ана Ололовска

Петнаесет златни медали за македонските кик-боксери на „Балкан бест фајтерс“ во Ниш