Румен Радев: Сè додека има службена влада, Бугарија нема да има режим за струја

Од:

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја поздрави службената влада на земјата за контролирањето на инфлацијата во неа, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Радев, цената на бензинот веќе е под 3 лева (1,50 евра) на бензинските пумпи на Лукоил со намалувањето од 25 центи што го обезбедија властите и ова е почеток на еден процес. Намалувањето на цените на горивата и бензинот во Бугарија за октомври за 30 отсто се реални резултати, постигнати со напори и многу работа на владата во Софија.

Според Радев, сè додека има службена влада во Бугарија, нема да има режим за струја.

– Бугарија е производител на електрична енергија и извозник на елекетрична енергија и Бугарите нема да останат во темнина. Европа во моментов се обидуваше да спречи социјална тензија во претстојната зима и да гарантира политичка смиреност на сметка на жртвување на пазарните механизми со воведување мерки кои ни се познати од едно подалечното минато и со огромни компензации, кои за оваа зима ќе се добредојдени за европските граѓани, но со непредвидливи последици – за пазарот, за европската економија, за нејзината конкурентност, рече Румен Радев.

Главната задача на службената влада на Бугарија е да бара најевтини суровини, без разлика од каде се тие, и да обезбеди најдобри услови за бизнисите и бугарските граѓани, кои се најсиромашни во ЕУ. Службениот министер за енергетика Румен Христов, цитиран од софиски „Капитал“, соопшти дека во Русија имало одлука „Газпром“ да не работи со Бугарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Радев и честиташе на Шекеринска: Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана

А1он

Радев ја демантира Сиљановска-Давкова, тврди дека го коментирал предлогот за уставни измени со одложено дејство

А1он

Мицкоски се надева дека Македонија до крајот на годинава ќе продолжи достоинствено кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Сиљановска се сретна со Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски