Приведени дилери од Струмица, пронајдени кокаин и марихуана

Од:

На 10.9.2022 во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Б.Х.(28) и М.Д.(33), и двајцата од Струмица.

При преглед на Б.Х. биле пронајдени шест пакувања со кокаин, а при претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба на Основен суд Струмица, биле пронајдени две ќеси со кокаин и две пакувања со марихуана.

Лицата се приведени и задржани во Полициската станица Струмица, известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот тие ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, а против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Дрога, пиштол и куршуми се пронајдени кај тројца уапсени во Скопје

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски