Скопјанец за 3000 евра си ја продал малолетната сестра, договорил присилен брак во Србија

Од:

25-годишен скопјанец преку посердник договорил принден брак за неговата малолетна сестра со човек од Србија. Договорот го направил со родителите на „младоженецот“ кои ги дале парите. На сите четворица инволвирани им е одреден притвор. Поднесена им е кривична пријава за „трговија со дете“.

– Поднесена е кривична пријава против С.Ш.(25) од Скопје, Ф.А.(46) и М.Б.(51) двајцата од Р. Србија и Б.А.(49) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“ казниво по член 418-г став 1 и 2 од Кривичен законик. Првопријавениот С.Ш., брат на девојчето, заради стекнување противправна материјална корист од 3000 евра преземал дејствија за склучување на присилен брак на дететo со лице од Србија, чии родители се второпријавената Ф.А. и третопријавениот М.Б., кои договориле и дале пари за склучување на присилниот брак. Четвртопријавениот Б.А. ја имал улогата на посредник меѓу С.Ш. и Ф.А. и М.Б. за надомест од 200 евра. Лицата се лишени од слобода, а од судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена информираат од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка