Кадиров: Ги почитувам Украинците, жал ми е што не сфаќаат дека Западот ги искористува

Од:

Украинските сили претрпеа големи загуби додека извршуваа самоубиствени контраофанзиви во близина на Северск и Соледар, објави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

„Нашите борци заедно со сојузничките сили ја продолжуваат офанзивата по линијата Соледар, Јаковљевка и Северск. Уништени се голем број од персоналот и опремата на непријателот“, рече Кадиров ТАСС.

Повикувајќи се на зборовите на секретарот на Советот за безбедност на Чеченија, Апт Алаудинов, кој е и командант на специјалната единица Ахмат, Кадиров вели дека украинската команда испраќа одреди војници во мисии кои се „речиси самоубиствени“.

Кадиров напиша дека украинските војници непромислено ги напаѓаат нивните позиции и дека тоа се повторува „четврт ден“.

„Го почитувам украинскиот народ и жалам што некои Украинци, неразбирајќи ја суштината на она што се случува, дозволуваат да бидат експлоатирани од Западот. Ако продолжи, тоа ќе доведе до неповратни последици за Украинците“, напиша Кадиров на Телеграм.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород