Францускиот претседател Емануел Макрон денеска почна контроверзен форум за дијалог за реформи, во услови на жестоки критики од француските опозициски партии, јави ДПА.
– Првата цел е повторно да се воспостави консензус за тоа каде се движи земјата, рече Макрон во Маркусис во близина на Париз пред да го отвори таканаречениот Национален совет за обнова.
Заедно со околу 40 локални политички претставници, како и здруженија и синдикати, Макрон ќе разговара за образование, здравство, работа, климатски промени и стареењето на населението во Франција на првиот состанок на форумот за дијалог.
Макрон, исто така, најави дека граѓаните ќе можат да учествуваат во дискусијата за климатските промени и стареењето, бидејќи овие области предизвикуваат многу тензии во општеството. Целта, рече тој, е повторно да се стави францускиот народ во центарот на релевантните дискусии и одлуки.
Според ДПА, Макрон се надева дека новиот формат на дискусија ќе создаде нов начин на работа и ќе седне на маса разни учесници. Сепак, и покрај поканата, опозициските партии одбија да учествуваат на форумот. Тие го обвинуваат Макрон дека се обидел да го заобиколи парламентот или оти само организирал „трик за односи со јавност“.
Извор: МИА