Жители во Лесковац утрово „грабнале“ шеќер од палети и колички во еден од маркетите, купувајќи по 50 килограми, а причина за тоа е недостигот кој трае со месеци.
Причина како што наведуваат продавачите, е набавката на шеќер во огромни количини за подготовка на сокови и џемови за зимата.
„Не се ни обидов да се туркам за шеќер. Дома имам скришно две килограми, но ме погоди оваа сцена. Се чувствувам навистина лошо поради тоа“, рече еден клиент.
Граѓаните на Лесковац порачаа дека само маркетот Лидл не го ограничува откупот на шеќер, ниту пак препорачува максимален број килограми што може да се набават.