Постапка за телесна повреда при семејно насилство во Гевгелија

Од:

Основното јавно обвинителство Гевгелија извести дека повело постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, во раните утрински часови на 4 септември, кај споменикот „Сава Михајлов“, во центарот на Гевгелија, при вршење на семејно насилство, телесно повредил жена со која претходно живееле во вонбрачна заедница и со која имаат две малолетни деца. Додека оштетената заедно со една колешка се враќале од работа, осомничениот ги пресретнал, почнал да ѝ упатува вербални закани на оштетената, да ја турка и да ја удира по лицето. Потоа продолжил да ја удира по телото, ја фатил со рацете за вратот и ѝ ги свиткал рацете со што ѝ нанел телесни повреди – набиеници, известува Обвинителството.

„Инаку на осомничениот, од 26 мај, со правосилно решение на Основен суд Гевгелија донесено во постапка за заштита на правата на оштетената – жртва на семејно насилство, му биле изречени повеќе привремени мерки за заштита од семејно насилство, меѓу кои забрана да ѝ се заканува на оштетената, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира и контактира преку социјални мрежи и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри од живеалиштето на жртвата на семејно насилство. Меѓутоа, осомничениот не постапил по правосилната судска одлука“, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судијата го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 8 дена.​​

Би можело да ве интересира

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Обвинителството нареди, а полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир