СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, Референдумот е поради негови лични и партиски цели и нема да успее

Од:

„Христијан Мицкоски е против ЕУ, тоа е кристално јасно. Тоа што го прави Мицкоски е единствено од негови лични и партиски цели за да си ја сочува фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

„Откако му потонаа сите лаги и почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и заштитен македонски идентитет Мицкоски е очаен. Се плаши од јакнењето на проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ кое размислува различно од Мицкоски и сака државата да продолжи напред.

Мицкоски е лицемерен, неговото политиканство е прочитано и бледо.

Истито тој Мицкоски беше и против Преспанскиот договор и тврдеше дека со овој договор ќе сме го изгубеле идентитетот. Ниту изгубивме идентитет, ниту веќе Мицкоски го спомнува Преспанскиот договор.

Истиот тој Мицкоски, јавно, пред камери на бугарски јазик на бугарскиот премиер Борисов му кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија.

ВМРО-ДПМНЕ организираше референдум против територијалната поделба во државата и за време на тој референдум кој беше неуспешен зборуваше дека дента кога ќе дојдат на власт ќе ја укинат територијалната поделба. 11 години беа на власт, не ја укинаа територијалната поделба.

Референдумот на Мицкоски нема поддршка од граѓаните, од опозициските партии и нема да успее. Мицкоски не може да го спречи европскиот пат на земјата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски