САД утре ќе тестираат интерконтинентална балистичка ракета, ја информирале Русија

Од:

САД денеска соопштија дека утре ќе тестираат интерконтинентална балистичка ракета. Претходното известување за таков ракетен тест е многу невообичаено, но има за цел да избегне какво било влошување на тензиите со Русија во екот на конфликтот во Украина, посочуваат западните медиуми.

– Ова тестирање на невооружената ракета „Минутмен три“ ќе биде утре наутро, на 7 септември, од воздухопловната база Ванденберг, Калифорнија, рече портпаролот на Пентагон, генерал Пет Рајдер.

– Ова е рутински тест што се планираше долго време и кој, како и претходните тестови, ќе ја провери и потврди ефикасноста и подготвеноста на нашиот систем, рече тој, додавајќи дека САД однапред ја информирале Русија за тестирањето.

Би можело да ве интересира

Разговараа американскиот и рускиот министер за одбрана, објавија различни верзии за разговорот

ВИДЕО: Руски воени авиони во близок контакт со американски дронови над Сирија

Катерина Ѓуровски

Американците пресретнале четири руски авиони кај Алјаска

Катерина Ѓуровски

Русија и се заканува на американската амбасада во Москва

Песков: Односите меѓу Русија и САД и натаму се во жалосна состојба

Катерина Ѓуровски

Замрзнат Дијалогот помеѓу Москва и и Вашингтон за стратешка стабилност