Русија и се заканува на американската амбасада во Москва

Од:

Русија побара од американската амбасада во Москва да престане со ширењето на, како што вели Кремљ, лажни вести за руската воена операција во Украина и се закани дека ќе протера американски дипломати, објави во вторникот новинската агенција ТАСС.

Предупредувањето вклучува строга порака до Лин Трејси, новата американска амбасадорка во Москва, јави ТАСС цитирајќи висок извор од руското Министерство за надворешни работи кој рече дека на Трејси и било кажано дека мора строго да се придржува до рускиот закон кога дава какви било изјави за руските вооружени сили во Украина. .

Американските дипломати вклучени во, како што ги нарече Москва „субверзивни активности“ ќе бидат протерани, цитира ТАСС извор.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент потврди дека американската амбасада добила дипломатска нота од руското МНР, но рече дека генерална политика на Министерството е да не коментира дипломатска кореспонденција.

Русија го прогласи „дискредитирањето“ на нејзините вооружени сили за кривично дело казниво до пет години затвор, додека обвинението за свесно ширење „лажни информации“ за војската предвидува максимална казна од 15 години.

Трејси пристигна во Москва минатиот месец. На 24 февруари ќе се одбележи првата годишнина од одлуката на претседателот Владимир Путин да испрати десетици илјади војници во Украина во, како што ја нарекува, „специјална воена операција“.

Украина и нејзините западни сојузници го обвинуваат Путин дека започнал неиспровоцирана агресивна војна во колонијален стил и го отфрлаат неговото тврдење дека операцијата била дизајнирана да ја заштити безбедноста на Русија од ширењето на НАТО кон исток.

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски