Американците пресретнале четири руски авиони кај Алјаска

Од:

Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) објави дека следела и пресретнала четири руски авиони на Алјаска кои вчера влегле и оперирале во зоната за идентификација. НОРАД додава дека руските авиони останале во меѓународниот простор, односно не влегле во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор.

Два ловци Ф-16 го пресретнаа рускиот авион, поддржани од два ловци Ф-35А, еден Е-3 Сентри и два КЦ-135 Стратотанкери.

„Оваа руска активност во северноамериканската воздушна идентификациска зона се случува редовно и не се смета за закана, ниту пак активноста се смета за провокативна“, се вели во соопштението.

Овие тактики се вообичаени за Русите, кои тоа го прават во просек од шест до седум пати годишно откако продолжија со активностите во 2007 година. Исто така, овој инцидент не е поврзан со неодамнешните инциденти со воздушни објекти кои беа соборени од американската војска во последните недели.

„НОРАД оценува дека оваа руска летна активност на никаков начин не е поврзана со неодамнешните операции на НОРАД и Северната команда на САД во врска со воздушните објекти над Северна Америка во изминатите две недели“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Руски воени авиони во близок контакт со американски дронови над Сирија

Катерина Ѓуровски

Русија и се заканува на американската амбасада во Москва

Песков: Односите меѓу Русија и САД и натаму се во жалосна состојба

Катерина Ѓуровски

САД утре ќе тестираат интерконтинентална балистичка ракета, ја информирале Русија

Замрзнат Дијалогот помеѓу Москва и и Вашингтон за стратешка стабилност

Преговори во Женева меѓу САД и Русија за ситуацијата во Украина