Уапсен еден од најбараните нацистички злосторници

Од:

Најбараниот нацистички криминалец во светот, 97-годишниот Унгарец, Ласло Чатари e уапсен во Будимпешта.

Тој беше началник на полицијата во словачкиот град Кошице коага германската нацистичка окупаторска војска ги собираше евреите во концентрационен логор Аушвиц. Овде беа депортирани 15. 700 евреи, а некои од нив се убиени во Кошице.

На Чатари по завршувањето на Втората светска војна, му беше судено во отсуство и во 1948 година е осуден на смртна казна.

25.000 долари заработил информаторот кој го пријавил и кој му влегол во трагата уште пред 10 месеци.

Унгарските служби најавија наскоро и прес-конференција на која ќе бидат изнесени повеќе детали за понатамошниот процес.

 

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта