Економист: САД мора да интервенираат во Сирија доколку Ал-Асад употребил хемиско оружје

Од:

Лондонскиот неделник „Економист“ побара од САД воено да интервенираат во Сирија, доколку се покаже точно обвинувањето на сириската опозиција дека силите на претседателот Башар ал Асад пред три дена во реонот на Дамаск користеле хемиско оружје.

– Ова е веќе премногу, пишува весникот, потсетувајќи го американскиот претседател Барак Обама на неговата изјава од пред една година, дека „црвената линија“ која не ќе може да се толерира е употребата на хемиското оружје, што сириската армија го има во својот арсенал.
Според „Економист“, употребата на ова оружје ги враќа во сила аргументите на приврзаниците за воена интревенција и за соборување на Асад и неговиот режим, повикувајќи се на ограниченоста до каде може да се толерира насилството врз сопствениот народ.
Весникот потсетува на масакрот во Сребреница на осумте илјади босански муслимани убиени од страна на српските воени сили, по што Западот мораше да реагира.
За неделникот, меѓутоа, е важен и, како што вели, американскиот кредибилитет во светот, особено откако САД не реагираа по првиот „хемиски напад“ кај Алепо.
– Доколку Американците продолжат да молчат (да не реагираат) тогаш никој нема да ги зема сериозно заканите на САД, барем додека е Барак Обама претседател, констатира „Економист“.
Весникот им забележува и на Кина и на Русија, за досегашната нивна поддршка на Асад и бара и овие две земји да преземат дел од одговорноста за почитување на стандардите што ги имаат прифатено.

Тврдењето за хемиски напад врз цивили во Дамаск, во реони што се под контрола на бунтовниците, доаѓа во време кога група на инспектори на ОН се наоѓа во Сирија, за да ги утврди обвинувањата за претходниот хемиски напад.

Лондонскиот весник е уверен дека и во првиот случај било користено ова оружје, иако нема независна потврда дека е тоа така, па повикува на интервенција, доколку на комисијата не и се дозволи да го испита и сегашниот случај, или ако се покаже дека обвинувањата од опозицијата се точни.

Доколку се потврди дека Асад користи хемиско оружје, а Кина и Русија одново се оглушат на обврските, тогаш САД и сојузниците ќе мора да извршат напад врз воениот потенцијал на Сирија, да ги уништат нејзините воздухопловни сили и да создадат зона за забранети летови над сириската територија, констатира „Економист“ во својот редакциски коментар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија