Во две експлозии кои што го потресоа Триполи, животите ги загубија околу 20 лица.
Првата експлозија била активирана во близина на џамијата Ал Такуа, откако завршила молитвата, додека втората била покрај џамијата Салем.
Според агенциите се уште никој не презеде одговорност за нападите, во кои што се повредени околу 213 лица.
Повредените се пренесени во болниците и се бараат хумани лица кои што ќе даруваат крв.
Елена Георгиевска