Илир Мета од Берат најави “жешка есен” во Албанија: Ќе бидеме на секој плоштад

Од:

Претседателот на Партијата на слободата, ПЛ, Илир Мета од градот Берат најави „жешка есен“ и ја предупреди владата на Рама дека опозицијата ќе биде на секој плоштад.

Тој вечерва на средба со претставници и локални структури на партијата изјави дека ќе ги “преземат овластувањата од премиерот и ќе му ги вратат на народот”.

– Време е да ги земеме сите овластувања од Еди Рама и да му ги вратиме на народот. Народот преку референдум ќе го контролира Собранието, владата, судството, ќе контролира се што е поврзано со нивните суверени интереси. Знаеме каде е нашата сила. Ние сме партија на институции и секогаш ќе бидеме такви. Ќе го урнеме Еди Рама со граѓански протести, ќе го свиткаме, оти ви изгледа висок. Многу добро го познавам Еди Рама. Неодговорен човек кој ги кажа најлошите зборови за нашиот народ, за нашиот јазик и кој нашата младост ќе ја замени со луѓе од Бангладеш (мислејќи на вработени лица од оваа земја во Албанија), изјави Мета.

Според него, законодавниот дом е нелегитимен, “тоа не е Парламент, тоа е нелегитимен Парламент”, додаде тој.

Рече дека Албанија не е чифлик на Еди Рама, туку им припаѓа на сите Албанци и ги повика да станат, како што рече, мисионери за заштита на националниот интерес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски

Уапсен е Илир Мета – екс претседателот на Албанија

А1он

Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа, напиша Мета по средбата со Мицкоски

Мета до Мицкоски: Целосно сум убеден дека ќе бидете пример за инспирација

Мета потврди дека опозицијата на локалните избори ќе има заеднички кандидати за градоначалници

А1он

Мета: За тензиите во Косово одговорен е Белград, но и премиерот Рама

А1он