Поранешниот британски премиер Борис Џонсон денеска ѝ честиташе на наследничката Лиз Трас за изборот за нов лидер на конзервативците.
„Знам дека таа го има вистинскиот план да се справи со регионалната нееднаквост, да се справи со проблемот со животниот стандард и да ја обедини Конзервативната партија. Сега е време сите конзервативци да застанат зад нејзините 100 отсто“, напиша Џонсон на Твитер.
Трас го победи денеска поранешниот министер за финансии Риши Сунак на внатрепартиско гласање во трката за лидерство на владејачката Конзервативна партија.