Од Русија за Иран: ПВО систем С -400 и 64 воени авиони Су-35

Од:

Врховниот командант на иранските воздухопловни сили, генерал Вахеди, потврди дека Исламската Република Иран ќе купи руски борбени авиони Сухој Су-35 СЕ.

Како што рече, од Русија пристигнуваат 64 вакви воени авиони.

Инаку, 24 примероци од овие летала веднаш ќе му бидат доставени на Иран, бидејќи се наменски направени за Египет, кој се откажа под притисок на САД врз Каиро.

Освен Сухој, Иран одлучи да го купи и рускиот ПВО систем С-400. Инаку, Иран во својот арсенал за заштита на нуклеарните центри го има ракетниот систем за воздушна одбрана С-300 ПМУ 2.

Вредноста на зделката се проценува на 10 милијарди долари.

Оваа набавка на нови борбени авиони и системот за противвоздушна одбрана С-400 се одвива во сенка на потенцијална војна меѓу Техеран и Тел Авив за иранската нуклеарна програма. Доколку се реализира договорот меѓу Техеран и Москва, тоа ќе биде прва набавка на борбени авиони за иранските воздухопловни сили по речиси 50 години.

Иранските воздухопловни сили во својот арсенал имаат борбени авиони Ф-4 Фантом, Ф-5 и Ф-14 Томкат од американско производство, како и ирански верзии, копии од овие авиони. Од наследството на Садам Хусеин, на почетокот на Пустинската бура, речиси комплетните ирачки ловци МиГ-29, Су-24, Су-25 и Мираж Ф-1, кои го сочинуваат столбот на иранските воздухопловни сили, пребегнаа од Ирак во Иран.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски