Четворица починати и 254 новозаразени од ковид-19

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 02.09 до 04.09.2022) направени се 1.308 тестови, а регистрирани се 254 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (254), регистрирани се 61 реинфекции. Регистрирани сe 412 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 3 дена (02.09 – 04.09.2022) пријавени се 4 починати лица, од Скопје (76г), Пробиштип (62г), Велес (88г) и Виница (86г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.154.094 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.948, бројот на оздравени пациенти е 330.153, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.296.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски