Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против И.М. од Тетово, вработен во СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.
На 24.8.2022 во Тетово, при вршење увид и лишување од слобода на едно лице, пријавениот од роднина на лицето примил поткуп од 400 евра за наводно да му помогнел за неодредување на мерка притвор.
Против полицискиот службеник е поднесена и иницијатива за покренување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното местото до завршување на дисциплинската постапка.