Само двајца експерти на МААЕ останаа во нуклеарката Запорожје

Од:

Голем дел од мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја напушти нуклеарната централа Запорожје во Украина. Во централата останаа двајца експерти, кои таму ќе бидат постојано.

Информацијата за агенцијата Тасс ја даде рускиот нуклеарен физичар Ренат Карча, кој ја придружуваше делегацијата.

Украинскиот државен нуклеарен оператор „Енергоатом“ потврди дека во нуклеарката Запорожје останаа само двајца експерти на МААЕ.

Експертите на МААЕ пристигнаа во нуклеарката на 1 септември.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси претходно изјави дека мисијата добила клучни податоци. Тој планира да го претстави својот извештај за безбедноста на украинската централа, која е под руска контрола, на почетокот неделава. Тој информира дека утре ќе поднесе извештај и пред Советот за безбедност на ОН.

Руските војници остануваат на територијата на Запорожје, а камиони со оружје и муниција се наоѓаат во машинските простории на Првата и Втората единица, информира денеска на Телеграм украинскиот оператор за нуклеарна енергија Енергоатом.

Украина ја повикува меѓународната заедница брзо да преземе мерки за што поскоро демилитаризирање на централата, за повлекување на руската војска од нејзината територија и од блискиот град Енергодар, за враќање на нуклеарката целосно под украинска контрола во име на безбедноста на целиот свет, посочи „Енергоатом“.

Според операторот, централата работи со ризик од прекршување на стандардите за заштита од радијација и пожари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски