„Напаѓачите оделе од врата до врата и ги боделе локалните жители“: Нови детали од масакрот во Канада

Од:

Можен мотив за крвопролевањето во Канада е дрогата, предложи началникот на полицијата Боби Камерон од домородната заедница каде што се случи нападот. Полицијата не соопштува официјален мотив за нападот, а потрагата по двајцата напаѓачи кои со нож убиле десет лица и раниле најмалку 15 се уште трае.

Полицијата како осомничени ги именуваше Демиен Сандерсон (31) и Мајлс Сандерсон (30). Како што се наведува, осомничените користеле црн нисан, но не е јасно дали во меѓувреме го смениле автомобилот.

Ронда Блекмор, командант на кралската канадска коњичка полиција, рече дека истрагата во моментов се обидува да ја утврди врската меѓу двајцата осомничени, како и дали тие претходно и биле познати на полицијата. Таа не зборуваше за мотивот на нападот, но полицискиот командант Боби Камерон од домородната заедница каде се случи нападот сугерираше дека масакрот би можел да биде поврзан со дрога, пренесува Јутарњи лист.

„Одеа од врата до врата“

Канадската полиција соопшти дека го примила првиот итен повик во 05:40 часот по локално време во Реџина, главниот град на канадската провинција Саскачеван. Наскоро следеа неколку повици за помош, при што локалниот новинар Логан Стајн изјави за Би-Би-Си дека се чини дека „напаѓачите оделе од врата до врата и ги напаѓале локалните жители“.

Нападите се случија на повеќе локации, а полицијата истражува 13 места каде се пронајдени или мртви или повредени лица.

Според полицијата, се чини дека некои од жртвите биле планирани цели на осомничените, додека други биле нападнати по случаен избор.

Властите го опишаа Демијан Сандерсон како 31-годишен маж кој е висок 170 сантиметри и тежок околу 70 килограми. Има црна коса и кафени очи. Мајлс Сандерсон е опишан како 30-годишен маж, висок 185 сантиметри и тежок околу 108 килограми. Има кафена коса и кафени очи.

Во меѓувреме се појавија и првите информации за жртвите. Во масакрот загина 77-годишниот вдовец Вес Петерсон и мајка на две деца.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер