Најмалку пет лица загинаа утрово во судир на воз и возило на железнички премин на југот на Унгарија. Според полицијата загинал возачот на возилото и уште четири лица.
Машиновозачот со полесни повреди е пренесен во болница, а никој од другите патници во возот не е повреден, додава полицијата.
Како што наведе таа, несреќата се случила на премин со чакал околу 6 часот и 45 минути во близина на селото Кунфехерто.
Немаше капија или електричен сигнал на руралниот железнички премин, соопшти унгарската државна железничка компанија.
Делницата од железничката пруга каде што се случи несреќата е затворена за возови.