Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека уште три брода натоварени со жито испловиле од украинските пристаништа, пренесува агенцијата Анадолија.
Со посредство на Турција, Обединетите нации (ОН) и Русија, на 22 јули во Истанбул беше потпишан договор за обнова на украинската испорака на жито од три црноморски пристаништа. Според договорот, воспоставен е координативен центар за спроведување заеднички инспекции на влезовите и излезите од пристаништата, осигурувајќи безбедност на рутите. Првиот брод исплови на 1 август.
Центарот во Истанбул официјално почна да функционира на 27 јули, а се состои од претставници на трите држави и ОН, потсетува Анадолија.
Извор: МИА