Уапсени двајца од политичките лидери на „Муслиманско братство“ во Египет

Од:

Синоќа во египетските градови Каиро и Гиза беа уапсени двајца од политичките лидери на исламистичкото движење „Муслиманско братство“ Есам ел Ериан и Мохамед ел Белтаги пред за денеска најавените антивладини протести.


Исламистичкото движење повторно ги повика приврзаниците да излезат на улица и да се вклучат во „петокот на милиони маченици“.


Лидерите на „Муслиманско братство“ се обидоа да го искористат вчерашното ослободување на поранешниот претседател Хосни Мубарак како повод за поттикнување нови насилства во земјата.


– Овој план е осуден на пропаст, бидејќи властите ја држат ситуацијата во главниот град под целосна контрола, изјави за ИТАР-ТАСС локалниот аналитичар Самих Ид.


Според него движењето е поразено и нема да заздрави од нанесениот удар. Апсењето на Ериан и Белтаги, кои се двајцата најактивни лидери, фактички го обезглави движењето, смета тој.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски