Силен земјотрес утрово во 6 часот и 13 минути го погоди грчкиот остров Крит, а најмногу е почувствуван во неговиот источен дел.
Според првите резултати од мерењето, земјотресот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, а хипоцентарот бил многу плиток, на само 10 километри под површината.
Земјотресот е забележан од многу сеизмолози низ Европа и светот, а според првите проекции не се очекува да предизвика поголеми материјални штети.