Еден 25-годишен маж им подлегна на повредите здобиени при напад на геј-парада во градот Мунстер во западниот дел на Германија, соопшти денеска германското обвинителство.
Инцидентот се случил на 27 август кога сега починатото лице било нападнато затоа што застанало во одбрана на група луѓе што вербално биле малтретирани од други лица. Според обвинителството, напаѓачот и уште едно лице избегале и се уште не се приведени.
Полицијата објави опис на двајцата напаѓачи и ги повика очевидците да сведочат за настанот.
Извор: МИА