СДСМ: Ги зголемивме платите на наставниците за 36%, а ВМРО-ДПМНЕ само 4%

Од:

СДСМ во изминатите пет години покажа вистинска грижа за вработените во образованието, како и за унапредување на условите за изведување на наставниот процес. Септемвриската плата за околу 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници ќе е повисока за 15 проценти, велат од СДСМ.

„Со досегашните покачувања на платите од 21 процент, сега вработените во основното и средното образование ќе имаат плати поголеми за 36 отсто, во однос на 2017 година.

СДСМ за пет години ги зголеми платите во образованието за 36 проценти, додека во периодот од 2011 до 2016 година за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ платите во образованието пораснаа за само 4 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ со години ги малтретираше и уценуваше наставниците и професорите, го потценуваше нивниот труд и им го газеше достоинството. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која се служеше со притисоци закани и уцени кон наставниците, СДСМ обезбедува повисоки плати и подобри услови за работа на наставниот кадар“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага