Високи американски и руски дипломати на 28 август во Хаг ќе разговараат за начините за ставање крај на граѓанската војна во Сирија.
Тоа ќе биде прва средба по наводите за напади со хемиско оружје во близина на Дамаск.
Во Хаг ќе се сретнат помошник државниот секретар за политички прашања Венди Шарман, амбасадортот на САД во Сирија Роберт Форд и руските заменици министри Генадиј Гатилов и Михаил Богданов.
В недела, 25 август Форд ќе се сретне со опозициските лидери во Истанбул.