Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 746 тестови, а регистрирани се 169 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (169), регистрирани се 55 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Струга (64г), починато на ден 28.08.2022 година во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.151.894 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.510, бројот на оздравени пациенти е 329.434, на починати е 9.490, а бројот на активни случаи изнесува 1.586.