На 31.8.2022 во 8.10 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на „Владимирска крстосница“, патничко моторно возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.С.(62) од Берово, излетало надвор од коловозот, информира МВР.
Во несреќата со повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.