Тимот експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја продолжува посетата на нуклеарната централа Запорожје, и покрај извештаите за бомбашки напади, изјави генералниот директор на организацијата Рафаел Гроси.
-Имаше воени активности, дури и утринава, пред неколку минути, но ние не запираме, изјави Гроси во Запорожје, пред да замине за нуклеарната централа, што од градот е оддалечена околу 120 километри.
Гроси кажа дека тимот на МААЕ „веднаш ќе почне со проценка на безбедносната ситуација во електраната“