Зеленски повторно на средба со раководствата на армијата и службите за безбедност

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше средба со водачите на армијата, тајните служби, полицијата, по вторпат во неколку дена.

– Ќе кажам само едно: сакам да им се заблагодарам, во име на нашата разузнавачка служба, на сите наши луѓе кои силно нè поддржуваат на југот од земјата, особено на Крим, нагласи тој синоќа во своето обраќање до јавноста.

Како што додаде Зеленски, разузнавачката служба е благодарна на дојавите и максимално ќе ги искористи.

Медиуми истакнуваат дека во првите шест месеци војна со Русија, украинскиот претседател ретко зборуваше за советувањата со военото раководство. Последен пат за таков состанок, тој извести во неделата, а потоа во понеделникот започнаа засилените украински напади во јужниот регион Херсон што е под руска окупација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски го потпиша буџетот за 2025-та со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност

А1он

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски