Српска вицепремиерка: Лавров се однесува непријателски кон нашата земја

Од:

Српската вицепремиерка Зорана Михајловиќ денеска оцени дека изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лаваров дека Србија со тоа што не воведува санкции кон Русија го поддржува нападот на таа земја врз Украина, не е пријателска и дополнително ја усложнува позицијата на Србија, јави дописникот на МИА од Белград

Таа во интервју за агенцијата Бета додаде дека изјавата на Министерството за надворешни работи на Русија покажува што тоа мисли за неа, а нејзината изјава зборува за тоа што таа мисли за односот на Русија кон Србија.

-Русија ги штити нејзините интереси, јас ги штитам интересите на Србија. Тие мислат дека Србија може да биде полигон за разни конфронтации, а јас мислам дека не може, изјави Михајловиќ.

Во соопштението од нејзиниот кабинет, Михајловиќ додатно изјави дека Србија нема воведено санкции кон Русија, но и дека не го поддржува нападот врз Украина и дека и покрај притисоците води независна политика.

-Во изменетите геополитички околности секој би сакал Србија да биде на нивна страна, но Србија има своја страна. Избравме да имаме своја, српска страна, а нашата независна позиција суштински се одразува во тоа што носењето одлуки е независно, не во однос на едната страна, туку независно во однос на сите страни. Тоа е потешка позиција, но тоа е наша позиција. Ние сме единствената земја во Европа, не сметајќи ја Белорусија, која не воведе санкции кон Русија, но во исто време јасно се одредивме против војната со гласањето во ОН за резолуција за осуда на нападот врз Украина. Ние не сме за санкции, но не сме ниту за војна, не го одобруваме рускиот напад врз Украина, изјави таа во интервју за агенцијата Бета.

На прашањето да ја коментира изјавата на Министерството за надворешни работи на Русија, во која се наведува дека „не е упатена во реалноста“, Михајловиќ рече дека во моментите кога Србија е под притисок, не ни треба некој што вели дека е наш пријател да постапува на спротивен начин.

-Реагирав затоа што сметав дека изјавата на рускиот функционер не е пријателска кон нашата земја, бидејќи не става во дополнителна непријатна положба. Реакцијата на Министерството за надворешни работи на Русија покажува што мислат за мене и го покажува нивниот однос кон Србија. Тие ги штитат нивните интереси и мислат дека ние сме полигон за конфронтации, а јас ги штитам српските интереси и мислам дека не треба да бидеме полигон за решавање на светски конфликти и тоа нема да се промени, изјави Михајловиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Седумгодишно дете доби понуда за работа од руска ИТ компанија

А1он

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

Почина познат руски балетан, падна од балкон на петтиот кат од неговата зграда

А1он

Северна Кореја би можела да испрати до 100.000 војници за да и помогне на Русија

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски