Министерството за внатрешни работи извести дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти МВР.
– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.