Кумановец и малолетна скопјанка сакале да украдат автомобил

Од:

На 30.8.2022 во 4.25 часот на ул.„1511“ во Скопје, полициски службеници од полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода Д.К.(32) од с.Шупљи камен, кумановско и малолетничка од Скопје.

Тие биле затекнати при обид да одземат патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки.

Во близина на возилото бил пронајден предмет кој потекнува од друго кривично дело, а при преглед кај нив, кај малолетничката била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Лицата биле приведени во полициска станица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса