Голем танкер со нафта денеска е во опасност да потоне откако се судри со брод што превезувал течен гас кај Гибралтар.
Властите стравуваат од истекување на нафта ако бродот долг 178 метри навистина потоне.
Во неговите резервоари има 183 тони мазут, 250 тони дизел и 27 тони масло за подмачкување, соопшти Владата на британската прекуморска територија во јужниот дел на Шпанија.
На бродот има 24 членови на екипажот за кои нема опасност по нивните животи, бидејќи во секое време можат да бидат евакуирани од блиските бродови, соопштија властите.
Нуркачи попладнево ќе ја испитаат штетата на танкерот.
Извор: МИА