За време на претседателот Мицкоски во ЕЛЕМ, струјата беше намалена, а претпријатието оставено со позитивно салдо. Чиста лага и извртување на факти е да се вели дека струјата е покачена за 100% во време на претседателот Мицкоски во ЕЛЕМ. Откако претседателот е именуван за советник во владата за енергетика, во Април/2015 година, па се до неговото разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во август/2017 година, струјата за граѓаните поевтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%. Ова се факти од кои антимакедонската СДС не може да избега, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по денешното соопштение на СДСМ.
„За разлика од времето кога претседателот Мицкоски го водеше ЕЛЕМ, сега цената на струјата заклучно со Јуни/2022 година граѓаните е 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога тој беше директор на ЕЛЕМ, после последното поскапување од 1-ви јули оваа година, граѓаните плаќаат за повеќе од 50% поскапа струја, а стопанството, поточно компаниите за 400% поскапа струја.
За разлика од сега, кога ЕЛЕМ има негативно салдо и владата дотура пари во истото за да може да функционира, претседателот Мицкоски го остави претпријатието со полна каса, цели 30 милиони евра, од кои 25 милиони евра депозити, 5 милиони евра пари на сметка и нула долгови. Во 2020 година ЕЛЕМ денешно ЕСМ бележи загуба од 16,7 милиони евра, а загубата во 2021 година достигнува фантастични 28 милиони евра.
Претседателот Мицкоски е пример дека со домаќинско работење цената на струјата може да се намали, и ЕЛЕМ да има позитивно салдо“, велат од СДСМ.