Скандал во Кина: Уапсени 234 лица, изнудувале пари со лажни ветувања

Од:

Властите во централна Кина уапсиле 234 лица вмешани во измама, преку која се изнудувале пари од заштеди на луѓе, со лажно ветување за високи каматни стапки на депозитите во рурални банки.

Скандалот привлече национално внимание, кога штедачите кои бараа одговори за тоа каде се нивните пари беа спречени да отпатуваат Женгжу, главниот град на провинцијата Хенан, и тоа на начин што здравствениот статус на нивните апликации за коронавирусот наеднаш се променил во црвено, што значи забрана за патување.

Одреден број клинети соопштија дека биле испрашувани и добивале закани од полицијата. Во друг обид штедачите да добијат одговор, биле спречени од група непознати мажи во бели кошули кои ги нападнале додека полицијата стоела настрана и набљудувала.

Градските власти на Сјучанг денеска соопштија дека наводниот предводник на измамата Лу Џивеи и негови соработници ја презеле контролата врз четири окружни банки и ги намамиле штедачите со ветувања за каматни стапки до 18 отсто годишно.

„Властите за јавна безбедност во моментов приведоа голем број осомничени за кривични дела, од кои 234 се уапсени“, се вели во соопштението.

Соопштено е дека голем дел од украдените пари се вратени, како и дека истрагата и постапувањата по случајот се спроведуваат детално и согласно законот. Не се споменува поврзаност на осомничените со локалните власти или полицијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања