Мисијата на МААЕ што треба да замине за Запорожје се очекува да пристигне во Киев

Од:

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), што треба да ја посети нуклеарната централа „Запорожје“ отпатува од Виена и подоцна во текот на денот треба да пристигне во Киев, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

„Се очекува мисијата да започне со работа во нуклеарната централа „Запорожје“ во наредните денови“, напиша на Фејсбук портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно денеска изјави дека Русија ќе ја гарантира безбедноста на мисијата на МААЕ во областите контролирани од руските сили околу нуклеарната централа „Запорожје“, во близина на градот Енергодар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна