За случајот во Грамш, во Албанија пристигнуваат агенти на ЦИА

Од:

Апсењето на двајца руски и еден украински државјанин, минатата недела, во поранешната фабрика за оружје во Грамш, кај Елбасан, кои се осомничени за шпионажа, предизвика интерес кај разузнавачките служби кои се партнери со Албанија, јави Топ чанел.

Истиот извор повикувајќи се на дипломатски извор, додава дека деновиве се очекува во земјата да пристигнат „тројца специјални агенти на ЦИА, една од најважните разузнавачки служби во светот“.

-Станува збор за двајца стручни аналитичари, со долгогодишно искуство во прашањата на руската шпионажа. Третото лице е специјализирано за профилирање на луѓе кои работат за руските тајни служби, пренесува телевизијата.

Покрај Светлана Тимофеева и Федир Алпатов, ЦИА посебен интерес покажала и за Михаил Зорин, роден во Москва а живеел во Прага, каде студирал хемија.

-Многубројната истражна група под раководство на обвинителот Крешник Ајази, дошла до бројни детали од интерес за оваа истрага, за да докаже дека имаме работа со агенти испратени за шпионски цели од Русија во нашата земја. На телефоните на уапсените е пронајден детален рачно напишан преглед на влезовите и местата на чуварите во поранешната воена фабрика во Грамш. Оваа скица е испратена преку апликацијата Телеграм на број со руски префикс, наведува телевизијата.

Кај тројцата уапсени била пронајдена сума од 6.000 американски долари, која според истражната група би можеле да ја искористат за плаќање на соработници во Албанија. Затоа, една од трагите што се истражува е идентификацијата дали имале соработници Албанци.

На 19 месецов беа уапсени руските државјани Светлана Тимофоева и Михаил Зорин и Украинецот Фјодор Михајлов. Тие во 17:30 часот биле забележани во близина на старата напуштена фабрика, која ја обезбедувале само двајца војници, кои во обид да ги спречат да влезат биле нападнати.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна