Последни подготовки за лансирање на најмоќната ракета на НАСА – „Артемис-1“ на Месечината

Од:

Тимовите за лансирање во вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида ги завршија последните подготовки пред планираниот денешен прв пробен лет на џиновската ракета „Артемис-1“ од новата генерација, како дел од програмата на НАСА „Од Месечината до Марс“, 50 ​​години по ерата на ракетата Аполо, соопшти НАСА.

Претставници на НАСА потврдија дека сите системи се подготвени за лансирање на ракетата, а временската прогноза предвидува 80 отсто поволни временски услови за првиот лет, што треба да почне денеска околу 10:30 часот по средноевропско време, пренесуваат британските медиуми.

Доколку од било која причина дојде до одложување на денешното лансирање на „Артемис-1“ НАСА ги одреди 2 и 5 септември како алтернативни датуми за лансирање.

-Засега сè во врска со вселенското летало изгледа добро. Возбудени сме, ракетата е подготвена и изгледа одлично, изјави Џеф Сполдинг, висок претставник на НАСА.

Новата ракета на НАСА за освојување на Месечината остана неоштетена, откако пет грома удрија во лансирната рампа.

Американските медиуми наведуваат дека ракетата „Space Launch System“, висока 98 метри, е најмоќната ракета што некогаш ја изградила НАСА.

Таа е направена да испрати празна капсула во орбитата на Месечината, половина век по програмата Аполо на НАСА која испрати 12 астронаути на Месечината.

Доколку овој шестнеделен тест мине добро, астронаутите за неколку години би можеле да се вратат на Месечината, но претставници на НАСА предупредуваат дека ризикот е голем и летот може да биде прекинат.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Примероците од „темната“ страна на Месечината првпат во историја пристигнаа на Земјата