ФТ: ЕУ планира следната недела да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување

Од:

Европската унија има намера следната недела да ја суспендира важноста на договорот со Русија за олеснет визен режим, пишува денеска „Фајненшл тајмс“.

Британскиот дневен весник наведува дека планот за замрзнување на договорот од 2007 година ќе го отежне и поскапи добивањето патни документи во Шенген зоната за слободно движење за руските граѓани.

Според извори на изданието во Брисел, одлуката ќе ја донесат министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во вторник – првиот ден од нивната неформална средба во Прага, но ќе биде објавена – в среда.

„Несоодветно е руските туристи да се шетаат низ нашите градови. (Европската унија) треба да испрати сигнал до населението на Русија дека „специјалната воена операција“ во Украина е неприфатлива“, изјави еден од изворите за весникот.

Претходно оваа недела, земјите од ЕУ кои граничат со Русија се заканија дека еднострано ќе ги затворат границите за руските туристи доколку таквата одлука не биде донесена на ЕУ ниво.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер