Груевски: Да се фокусираме на решение, а не на манипулации за Комисијата

Од:

Влогот за државата е голем и треба барем за неколку дена да се фокусираме на решавање на проблемот (ад хок Комисијата за расчистување на случувањата од 24 декември), а не на игри, манипулации и сплетки со медиуми и портали кои се под контрола на СДСМ, истакна премиерот Никола Груевски по посетата на струшкото село Бороец.

– ВМРО-ДПМНЕ цело време е фокусирана и посветена дијалогот да успее, а од друга страна гледаме дека СДСМ повеќе е фокусирана на порталите што ги контролира и на тоа да пуштаат некои сплетки, манипулации, а помалку се фокусирани на решавање на проблемот, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање за коментарите на некои портали дека Комисијата за решавање на настаните од 24 декември ќе доживее крах.

Деновите, додаде Груевски, поминуваат, а времето е кратко и разговорите се во тек. Не сакаше да прејудицира, но нагласи дека се целосно фокусирани и се во постојан контакт со тимот за решавање на проблемот.

– Се надевам дека СДСМ ќе изнајде начин и сила да се фокусира на решение кое не е наш или нивни проблем, туку проблем на Република Македонија и на сите граѓани, подвлече премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он