Хотелот во кој беа затруените туристи осум пати бил затворан во последните 3 месеци

Од:

Туристичката инспекција го запечати хотелот „Лоза“ во Будва во кој беа затруени 96 лица, бидејќи, според директорката на Управата за инспекциски работи, Ана Вујошевиќ, хотелот немал дозвола за работа.

Инспекцијата ќе го запечати и ресторанот на хотелот, а собите се пломбираат откако гостите ќе излезат од нив, пренесува Вијести.

За инцидентот е известено Основното обвинителство во Котор како и Центарот за безбедност во Будва.

Инаку, ова е осми пат во изминатите три месеци туристичката инспекција да го пломбира хотелот во Будва, а седми пат да се отстрани пломбата, поради што инспекцијата го пријавила случајот во которското обвинителство.

Во овој хотел биле сместени туристи кои биле затруени од храна, но се уште не е утврдено како и каде дошло до труењето.

По пријавувањето на труењето, Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи земала мостри од храната од ресторанот „Лоза“ и забранила нејзино послужување.

– Доколку гостите беа отруени во нашиот ресторан, тогаш истите симптоми ќе ги имаа и останатите гости на хотелот. Се отруле само оние кои биле на екскурзија“, тврдат од хотелот.

Претседателот на општина Будва, Мило Божовиќ и општинската администрација им стојат на располагање на туристите кои имале здравствени проблеми и доколку има потреба ќе им обезбедат сместување, превоз и се останато.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Србин силувал жена на плажа во Будва, во тек е потрага по него