Променливо облачно, попладне со услови за дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. УВ=7.

Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Од утре до среда под влијание на нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд