(ВИДЕО) Камион влета во луѓе во Холандија, тројца загинаа

Од:

Три лица загинаа, а неколкумина се повредени откако камион влетал во група луѓе кои биле на забава во градот Ниу Бејерланд во близина на Ротердам.

Во спасувањето на настраданите учествувале десет возила на брза помош и хеликоптер, а неколку лица се пренесени во болница.

Службата за влечење била повикана да помогне во извлекувањето на возилото кое припаѓало на шпанската компанија, јави агенцијата DPA.

Полицијата не го прецизираше точниот број на загинати, туку само наведе дека ја истражува несреќата што се случила околу 19 часот на 30-тина километри јужно од Ротердам.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат