Најмалку 96 туристи се затруле со храна во ресторан во Будва. Станува збор за туристи од Полска, Словачка и Словенија, а речиси сите биле гости во еден ресторан. Сите се сместени или добиле медицинска помош во болниците во Котор, Бар и Цетиње, пишува црногорскиот портал Дан.
Во општина Будва е потврдено дека има труење со храна и дека гостите се хоспитализирани во медицински установи поради стомачни проблеми.
– Синоќа околу 22 часот примивме 30 лица во болницата во Котор, од кои голем дел беа деца на возраст од 15-16 години. Донесени се со акутен синдром – повраќање. Брзо се згрижени сите, а утрово повторно се направени лабораториските анализи. После тоа околу 11 часот утринава се пуштени на домашно лекување, изјави за порталот Дан директорот на которската болница д-р Давор Кумбуровиќ.
Претседателот на општина Будва, Мило Божовиќ и општинската администрација најавија дека им стојат на располагање на туристите кои имаат здравствени проблеми и доколку има потреба ќе им обезбедат сместување, превоз и се останато.